До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште седум кола, а лидерот Реал, во дербито на 32. коло, ќе му гостува на Атлетико во градското дерби.
Две победи и три нерешени резултати е билансот на реал во последните пет кола, додека Атлетико игра по системот топло-ладно, но „јорганџиите“ од доаѓањето на Диего Симеоне во клубот, имаат само еден пораз на домашен терен.
Мечот на „Винсенте Калдерон“ ќе се одигра во среда навечер. Барселона вечерва ќе го одигра дуелот против Хетафе, во кој влегува како апсолутен фаворит.
Вторник, 10. април:Осасуна-Еспањол, Барселона-Хетафе, Реал Сосиедад-Бетис
Среда, 11. април:Гранада-Атлетик Билбао, Спортинг-Леванте, Валенсија-Рајо Ваљекано, Атлетико-Реал
Четврток, 12. април:Вилјареал-Малага, Расинг-Мајорка, Севилја-Сарагоса