Реал Мадрид е новиот првак Лигата на Шампиони. До јубилејната десета титула “кралевите“ стигна со триумфот над градскиот ривал Атлетико Мадрид со 4-1 во продолженијата. Натпреварот во регуларните 90 минути заврши без победник 1-1.
Дополнителни 30 минути беа потребни за Лигата на Шампиони да го добие новиот првак. Титулата беше јасно дека ќе замине во Мадрид, но непознато беше во кој дел од градот.
Една минута ги делеше избраниците на Диего Симеоне до сензационална победа. Од 38 минута “јорганџиите“ имаа водство од1-0 по голот на Годин, на кој му претходеше катастрофална грешка на единицата на Реал, Икер Касиљас.
Длабоко во судиското надополнување Серхио Рамос ја затресе противничката мрежа и го одведе мечот во продолженија.
Откако првите петнаесет минути не донесоа возбудлив фудбал, вторите беа фуриозни за тимот на Карло Анчелоти. Прво Бејл го погодок го круниса продорот на Ди Марија, Марсело во 118 минута го одведе Реал на сигурни 3-1,а точка на преставата стави Кристијано Роналдо во последната минута со голот од пенал, за конечени 4-1.
Реал Мадрид предводен од Карло Анчелоти стигна до рекордната десета титула во најквалитетното европско натпреварување.
ohridnews