Повредата на Кристијано Роналдо е посериозна од она што првично се претпоставуваше, па како што пренесува „Goal.com“, тој ќе го пропушти финалето против Барселона, во Купот на Кралот, кој на програмата е на 16.април.

Роналдо, поради повредата не настапи во вторникот во Дортмунд, во реванш четвртфиналниот натпревар, а истиот извор пренесува дека тој би можел да го пропушти и првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони, на 22. или 23.април.

Потенцијални противници на Реал во полуфиналето во ЛШ се Атлетико Мадрид, Баерн Минхен и Челзи. Роналдо оваа сезона за Реал одиграл 41 натпревар и постигнал 45 голови.

 

„Макфакс“