Без вистинско дерби ќе мине 26-то коло во фудбалскиот шампионат на
Шпанија, според пласманот на табелата, неизвесен дуел се очекува помеѓу
Малага и Леванте, екипи кои се борат за четвртото место на табелата.

Во оваа рунда, водечките екипи не би требало да имаат некои поголеми
проблеми за да стигнат до бодовите. Лидерот Реал, во Севиља, ќе му
гостува на Бетис, Барселона, во Сантандер, ќе игра против Расинг, на
чија клупа ќе дебитира новиот тренер, додека Валенсија ќе ја пречека
Мајорка.

Неизвесно се очекува да биде и на баскиското дерби помеѓу Осасуна и
Атлетик Билбао, кој во четвртокот со извонредна игра на „Олд Трафорд“ го
победи Манчестер Јунајтед.

Двојки : Реал Сосиедад-Сарагоса, Малага-Леванте, Спортинг-Севиља, Бетис-Реал Мадрид, Атлетико Мадрид-Гранада, Еспањол-Рајо Ваљекано, Валенсија-Мајорка, Расинг-Барселона, Осасуна-Атлетик Билбао, Виљареал и Хетафе.

Табела: 1. Реал 67, 2. Барселон 57, 3. Валенсија 43, 4. Леванте 37, 5-6. Атлетик Билбао и Малага 37. . .

Извор “Макфакс“
Ohridnews