Реал Мадрид е првиот патник во финалето од кралскиот куп во Шпанија. Во полуфиналето „лос бланкос“ го елиминираа Атлетико Мадрид, кој е актуелен првак со вкупни 5-0.


Во реванш натпреварот на „Винсенте Калдерон“, Реал Мадрид предводен од Кристијано Роналдо по втор пат го совлада градскиот ривал овој пат со 2-0, а стрелец на головите беше португалскиот.

Противник на Реал Мадрид ќе биде поуспешниот од дуелот Реал Сосиедад – Барселона. Каталонците по првиот натпревар имаат предност од 2-0.

Мх.П.