Актерите во овогодинешното финалето во кралскиот куп Реал Мадрид и Барселона се соочуваат проблеми поради повредени фудбалери.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти има поголеми главоболки бидејќе нема да може да смета на Кристијано Роналдо, Марсело и Серхио Рамос.
Најдобриот фудбалер на планетата се повреди на 1/4 финалниот натпревар со Борусија Дортмунд и сеуште не е целосно опоравен за настап против Барселона.
Тренерот на каталонците Херардо „тата“ Мартино има проблеми со одбранбените фудбалери бидејќи ќе ги нема на располагање Пике и Бартра, а за мечот со Реал Мадрид во игра ќе влета Карлес Пујол, кој подолго време не е во комбинација поради честите повреди.
Без разлика, кој ќе игра за екипите во финалето на „Месталја“ нема да го намали набојот и квалитетот на последното „Ел Класико“ за сезонава.
Мх.П.