Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Мадрид ќе донира еден милион евра (1,1 милиони долари) за помош на бегалците од Украина, која е погодена од руската инвазија, објави денеска раководството на Ла Лига.

Според податоците на УНХЦР, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, околу 2.97 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, што е речиси седум отсто од вкупното население на државата.
OhridNews










