Во четвртиот меч на Сантијаго Бернабеу во новата сезона, Реал Мадрид ја забележа првата победа, откако со 2-0 го совлада тимот на Еспањол во последниот натпревар од седмата рунда.

„Кралевите“ точно половина час бараа начин да го пробијата бедемот пред голот на Еспањол. Тоа од рака му успеа на Иско кој погоди за 1-0. Во вториот дел истиот фудбалер реализираше за 2-0 и ги реши сите дилеми околу победникот.

Покрај триумфот на Реал Мадрид мечот го одбележа еден негативен рекорд на Кристијано Роналдо. Португалецот прв пат во кариерата не постигнува барем еден погодок на првите мечеви од националниот шампионат.

Резултати: Реал Сосиедад- Бетис 4-4, Барселона – Лас Палмас 3-0, Валенсија – Атлетик Билбао 3-2, Виљареал – Еибар 0-0, Реал Мадрид – Еспањол 2-0.

OhridNews