Иако сеуште официјално не е завршена сезоната во “Ла лига“, Реал Мадрид ги започна подготовките за следната.

Повеќе време навивачите на “лос бланкос“ ги мачеше иднината на Жозе Мурињо. Тој по завршување на сезоната ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Челси. Додека “кралевите“ сеуште го немаат обелоденето заменикот за “специјалниот“ нивниот претседател Флорентино Перез ја скрои (не)реалната листа на засилувања кои сака да ги доведе за следната сезона.

Перез, кој не жали и штеди пари за ангажман на фудбалери на “Сантијаго Бернабеу“ сака да ги види Нејмар, Герет Бејл, Роберт Левандовски, Иско и Даниел Карвахал.

За да се оствари барем еден трансфер од овие фудбалери најтрофејниот клуб во Шпанија ќе треба да се ослободи од неколку играчи со “тешки“ договори.

Мх.П.