Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Валенсија со 2-0 во првиот натпревар од “Копа дел Реј“ и за момент ја вратија насмевката на навивачите.


На избраниците на Жозе Мурињо им беа потребни 37 минути да го најдат патот до противничката мрежа на Валенсија, кога Бензема стрелаше прецизно за 1-0. Конечната победа 2-0 за Реал Мадрид ја потврди Гуардодо со гол во сопствената мрежа.

Мх.П.