Мадридски Реал триуфмираше во кралскиот куп на Шпанија. Во финалето на „Месталја“ фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 2-1.
Најзаслужен за победата на „белите“ е најскапиот фудбалер Герет Бејл, кој во 85-та минута го постигна погодок вреден титулата. Претходно аргентискиот репрезентативец Ди Марија погоди за водство на Реал, а го анулираше Бартра.
За „лос бланкос“ ова е прв трофеј сезонава иначе 19-ти во кралскиот куп на Шпанија.
Мх.П.