испрати за трансфер на Луис Суарез, извесни е дека напаѓачот од следната
сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Според информациите кои пристигнуваат од Ливерпул, Реал за Уругваецот понудил сума од 45 милиони евра.
„Не сакам повеќе ништо да коментирам. Мојот менаџер ги знае моите желби.
Постојат неколку опции и во Ливерпул знаат кои се тие“, рекол Суарез и
дополнил: „Немојте да верувате на се што ќе прочитате во весниците“.
Менаџер на Суарез е Пере Гвардиола, братот на тренерот на Баерн Минхен,
Жозеп Гвардиола. Како што наведуваат англиските медиуми, Пере Гвардиола,
изминатите неколку денови имал интензивни состаноци со челниците на
Ливерпул, на кои се ги убедувал да го продадат Уругваецот.
Луис Суарез, во Ливерпул, пристигна во јануари 2011 година од Ајакс за
сума од 25 милиони евра. Во дресот на ’црвените’ има одиграно 96
натпревари и на кои постигнал 51 гол.