Жозе Мурињо на денешната прес конференција, во пресрет на „Eл класико“, не се појави пред новинарите. Тој пред медиумите го испрати својот помошник Аитор Каранка.

Асистентот на Португалецот изјави дека и во дербито Реал ќе игра во формација 4-3-3. Инаку, Мурињо, особено по минатогодишниот дебакл и поразот од 5:0, за дерби дуелите со Барса знаеше да ја промени тактиката и да одигра нешто позатворена варијанта.

„Ќе играме во формација 4-3-3, во нападот ќе бидат Ди Марија, Роналдо и Игуаин или Бензема, додека пред нив би требало да играат Кака или Езил и Дијара или Кедира, единствено сигурен во средниот ред е Чаби Алонсо. Сакаме да ја играме нашата игра и не не интересира кој е нашиот противник, тоа го покажавме и во Амстердам, каде игравме со полна сила, иако го имавме обезбедено првото место во групата. Реал се наоѓа во одлична форма, така што некоја посебна тактика за мечот со Барселона не подготвуваме“, рече на прес конференцијата Каранка.

Весникот „Ас“ најави дека двата тима формациски ќе играат 4-3-3, а составите на двата тима изгледаат вака.

Реал: Касиљас – Дијара, Серхио Рамос, Пепе, Марсело – Чаби Алонсо, Кедира, Езил – Ди Марија, Кристијано Роналдо, Игуаин.

Барселона: Валдез – Дани Алвеш, Маскерано, Пике, Абидал – Бускетс, Чави, Иниеста – Фабрегас, Алексис Санчез, Меси.
“макфакс“
Ohridnews