Реал Мадрид го победи Гетафе со 3-2 во последниот натпревар од првото коло во новата 2011 година во Шпанската Ла лига.

Кралевите славеа благодарение на “парот“ на Роналдо, додека еднаш мрежата ја затресе Озил. Парехо и Албин погодија за тимот од предградијето на Мадрид.


Прв пат по 8 мај 2010 година, по точно 283 дена во тимот на Реал Мадрид се појави бразилецот Кака`. Плејмејкерот успешно ја санираше повредата и се очекува да биде значајна алка во тимот на Реал во трката со Барселона.

М.П.