Кристијано Роналдо со три погодоци ја зачини “покер“ победата на Реал Мадрид 4-0 над Селта Виго во повратниот дуел во Копа дел Реј. Гостите првиот меч го добија со 2-1, а во вториот немаа одговор за расположениот Роналдо и се збогуваа со понатамошните натпревари во Копа дел Реј. 


Португалецот брилијатната партија ја најави уште во 2-та минута кога со прекрасен гол донесе предност за “галактикосите“. Во 23-та повторно Роналдо е прецизен овој пат по додавањето на Модриќ додека во 86-та минуга го комплетираше хет трикот. Четвриот погодок за “кралевите“ беше дело на Кедира.

Резултати : Севиља – Мајорка 1-2 (6-2), Реал Мадрид – Селта Виго 4-0 (4-2), Сарагоса – Леванте 2-0 (3-0).

Мх.П.