Шест поени е разликата помеѓу лутите ривали Барселона и Реал Мадрид во трката за титулата во Примера. “Кралевите“ втор пат за три дена ремизираат со идентичен резултат 1-1, после Малага, Виљареал е екипата која му “скина“ планирани бодови на Реал Мадрид.


Натпреварот на “Ел Мадригал“ помина во многу тензична атмосфера зачинета со 12 жолти картони и три црвени. Тренерот на “кралевите“ Мурињо заработи црвен картон, а по него следуваа германецот Озил и дефанзивецот Рамос кој доби два жолти.

Португалецот Кристијано Роналдо во 62-та минута го отвори резултатот, поранешниот репрезентативец на Шпанија, Маркос Сена го изедначи резултатот во 83-та минута.

Мх.П.