Реал загриза за Коентрао, нов директор во Рома, Диара во Марсеј
05.07.11 16:55
Реал од Мадрид за Коентрао левиот бек на Бенфика и на португалската репрезентација се согласи да исплати 30 милиони евра. Коентрао е еден од најдобрите бекови во светот, а на минатогодишниот Мундијал во Јужна Африка прикажа одлични игри за селекцијата на Португалија. Сепак, ова е еден од најголемите трансфери кога се работи за одбранбени играчи, што и не е чудно, бидејки во Реал сметаат дека првенството го загубија од Барселона поради слабата одбрана.
Роберто Капели, правен застапник на групацијата Уникредит е именуван за нов претседател на италијанскиот калчолигаш Рома. За спортски директор е поставен досегашниот спортски директор на Лече, Клаудио Фенучи. Сепак, прашање е колку овие двајца нови членови на раководството на римската волчица ќе останат на овие функции. Имено, во април сопствениците на Рома, семејството Сенси, го продаде клубот на американскиот бизнисмен од италијанско потекло Клаудио Ди Бенедето. Богатиот бизнисмен од Бостон очекува лично да го преземе управувањето со клубот кон крајот на јули.
Капитенот на Бордо Алу Диара (29 г.) премина во екипата на ривалот Марсеј. Вредноста на овој трансфер изнесува 3,4 милиони евра. Диара дојде исклучиво на барање на тренерот на марсеј Дидие Дешамп, кој сакаше да го доведе овој фудбалер кој е подеднакво добар во одбрана и во средниот ред. Диара во својата кариера настапуваше уште и за Баерн, Ливерпул и Лион. Во репрезентацијата на Франција одигра 34 мечеви.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...