Јавното претпријатие  „Охридски Комуналец“  ги заврши предвиднеите акции за чистење на речните корита и канали на територијата на општина Охрид за оперативната 2013 год.

– Активностите кои се спроведоа по налог на локалната самоуправа, започнаа  на почетокот од месец октомври. Се делуваше на речните корита на реките Сушица и Грашница, по нивните теченија во село Велгошти, населба „ Радојца Новичиќ“, улиците „Железничка“ ,  „ 15-ти Корпус“,  како и каналите во Студенчишко Блато, во село Орман и во населбата  Даљан, во вкупна должина од 6.600 метри, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека дел од активностите за чистење се спроведуваа машински со ангажирање на сопствена специјална механизација , додека другиот дел , поради непристапност на теренот , се реализирале рачно.

OhridNews