Реализирана обука за гасење пожари на отворен простор
06.05.25 11:32
На иницијатива на Штабот за заштита и спасување на Општина Охрид беше организирана oбука на Просторните сили на локално ниво за гасење пожари на отворен простор.
Обуката беше реализирана од страна на тим на Одделението за обука при Дирекцијата за заштита и спасување и овластени лица од Општина Охрид. Покрај теоретски дел, обуката опфати и спроведување на практично показна противпожарна вежба.
Со обуката беа опфатени околу сто учесници на Просторните сили на Општина Охрид и тоа: Планинската спасителна служба при Црвен крст-Охрид, Доброволното противпожарно еколошко и хуманитарно здружение „ЕКО ФАП“, Здружението на љубители и подржувачи на НП Галичица, Здружението на планинари „Великамен“ с. Елшани, ДПД „Ентузијаст“ Охрид-Дебрца, ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Градски гробишта“, ЈП Национален Парк „Галичица“, ЈП „Национални шуми и ПШС „Галичица“ Охрид.
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029 Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал вечерва во салата „Лазар Лечи...
Полициски службеници од полициската станица Охрид, денеска од слобода лишија 55-годишен охриѓаниец Тој се сомничи дека предизвикал пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид Н...
Во организација на Министерството за култура и туризам, денеска во Музејот на македонската борба се одржа завршната јавна расправа за Нацрт-националната стратегија за туризам 2027 – 2032, на која б...