Во ОУ „Наум Охридски“ Пештани беше испробан и применет оперативниот план за заштита и спасување и планот за евакуација во училиштето преку реализација на показна тренинг вежба според соодветно сценарио.

Целта беше, учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и ги разработат начините на заштита и насоките на движење при евакуација од училишната зграда, после случен земјотрес и пожар. На вежбата учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, велат од Црвен крст Охрид.

Изразуваат гблагодарност до сите институции инволвирани во оваа вежба и посочуваат дека продолжуваат со реализација на вакви вежби и во останатите средни и основни училиште во Охрид и Дебрца.

Во четврток, ваква показна вежба ќе се реализира и во ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид, како дел од континуираните активности за унапредување на безбедноста во училиштата, додаваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews