МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид спроведе активност со цел навремено, поквалитетно и безбедно водоснабдување, како и за избегнување на потешки дефекти во претстојната сезона, информираат од претпријатието. Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид, во текот на вчерашниот ден, извршија измивање на резервоарите Кале и Студенчишта и измивање на сите водоводни линии на Град Охрид и околните населени места чии  водоводи се под надлежност на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид.

Покрај ова беа санирани и заменети голем број вентили од поголеми профили  и тоа:Санација на вентили на булеварот Туристичка, улиците 15-ти Корпус, Стив Наумов, Димитар Влахов, населбите Рача, Варош, Исток, Македонски Просветители, Крали Марко и Абас Емин.  Се изврши монтирање на нови вентили на булевар Туристичка, Градски Пазар, Железинчка и Абас Емин, како и во населбата Исток.

Прекинот на водоснабдувањето беше искористен и за спроведување на тековни активности како  промени и санации на вентили и водомерни броила на индивидуални потрошувачи и правни лица, како и санација на водоводни линии во непристапни терени кои екипите навремено ги санираа.

OhridNews