Над 40 донации се реализирани во Охрид во рамките на акцијата за намалување на социјалниот ризик „Се грижиме за топол дом“.

Како што информираат од локалната самоуправа, акцијата на Министерството  за труд и социјална во соработка со Центарот за социјални работи која се спроведува од 14-ти август оваа година, ќе продолжи и во наредниот период.

Со оваа акција ќе се намали социјалниот ризик од социјално исклучување на граѓаните на државата во задоволување на основните потреби од покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, апарати за домаќинство, опрема за деца, велосипеди и друго. Акцијата е наменета за лицата кои се евидентирани во системот на социјална заштита преку 30 Центри за социјална работа во Република Македонија, односно остваруваат одредени права согласно со Законот за социјална заштита и претставува можност за доближување на системот до социјално ранливите групи во вистинска смисла на зборот. Донираните средства треба да бидат функционални и употребливи (покуќнина, мебел, бела техника, електрични апарати, опрема за деца, велосипеди и друго) и ќе бидат наменети за корисниците на социјална заштита  и смејствата кои немаат доволно средства за да си обезбедат мебел,покуќнина  и сл.“ – информираат од локалната самоуправа.

Оттаму со апел до граѓаните и компаниите кои имаат можност да донираат предмети, да се обратат директно во центарот, во просториите на општинскиот Црвен Крст, на телефонскиот број во Министерството за труд и социјална политика 080055800 или на е-маил адресата [email protected]

OhridNews