Преку финансиската поддршка на локални микропроекти за поттикнување на локалниот економски развој и туризмот, Општина Охрид преку програмите на Секторот за туризам и локален економски развој, дава директна финансиска подддршка на проекти кои се од општествена важност и кои произлегуваат од заедницата.

Од локалната самоуправа информираат дека преку овие програми за поддршка на локалниот економски развој и туризмот, во текот на 2019  година успешно биле реализирани микропроекти во вкупна вредност од 750.000,00 денари и тоа во областа на инфраструктурата и водоснабдување: Инфраструктурно уредување на центарот на с.Лескоец, Изведба на резервоари, водоводна мрежа и селски чешми – Куратица, Изведба на бушотина за вода за пиење во село Коњско, во областа на културата: Oбнова на селскиот дом с.Куратица-фаза 5, детски игралишта: Опремување детски игралишта во  Рача и Орман, туристичка инфраструктура: Подобрување на туристичката инфраструктура во Речица, Охрид во духот на етно традицијата, промотивни активности и други области.

OhridNews