Размена на искуства на учениците од ОСУ„Св Климент Охридски“ со ученици од Холандија и Унгарија за можностите што ги нудат интернетот и дигиталните алатки при изработката на веб-страни, видео игри и билборди, со ставање акцент на предностите од дигиталното поврзување во услови на работење преку онлајн платформите, е овозможено преку реализирање на проектот „A Lonely Planet or Digitally Connected”.
ОСУ„Св Климент Охридски“ заедно со КГС „Апелдорн“ од Холандија и „Билингвал“ од Унгарија преку онлајн работилница го реализираа Еразмус+ проектот во три етапи во 2021/2022 година, а носители на истиот се професорките Даниела Спироска, Вера Јовческа и Светлана Огненова.
Преку проектот се опремија две училници со 70 Chromebook Samsung уреди што ќе послужат за успешна реализација на часовите како дел од дигиталната модернизација на наставата. Проектот е финансиски поддржан од Општина Охрид којашто обезбеди финансиска поддршка односно учествува со 30 % од вкупната сума при набавката на овие Chromebook Samsung уреди, информираат од Општина Охрид.

Од 4. 10. 2021г. до 8. 10. 2021 г. се одржа вториот дел од овој проект. Организатор беше училиштето Билингвал од Унгарија. Во овој проект учество зедоа 39 ученика од прва и втора година. Тема на работилниците беше: „Building your own video game“ . Учениците преку онлајн работилници се здобија со знаење од областа кодирање и со користење на Scratch, Pixlr алатките, Soundtrap, ZapSplat креираа видео игри. Избрани беа победнички тимови во неколку категории: најдобар тим, најдобра аудио продукција, најдобар креативен дизајн и најдобра игра.
Во третиот и финален дел од проектот домаќин ќе биде ОСУ „Св. Климент Охридски“. Работилниците ќе се одржат од 04.04. до 08.04. 2022 година. Во проектот учествуваат 35 ученика од прва година. Темата на оваа работилница е „ Using Graphic Design in the Classroom“ што ќе им овозможи на учениците да се здобијат со знаења за алатки за графика што ќе им помогне при изработка на постери и билборди, се додава во соопштението.
Соработката со КСГ училиштето од Холандија и гимназијата трае веќе подолго време, а реализирани се неколку проекти и размени.
OhridNews













