Буџетот за 2012 година наскоро ќе претрпи ребаланс, при што се очекува кастрење на расходите за пет отсто, односно за 7 до 7,5 милијарди денари  или околу 120 милиони евра.

Како што појасни министерот за финансии, Зоран Ставрески до корекција на државната каса ќе дојде поради  случувањата во еврозоната и временските услови во првите три месеци, што влијаело на намалување на економската активност на компаниите и потрошувачката.

Иако буџетските приходи во првото тромесечје од годината биле зголемени за 1,2 отсто во однос на истиот период лани, тие се за девет проценти под планираното.

Ставрески информираше дека со кратење на трошоците ќе бидат опфатени сите буџетски корисници, освен пензиите платите, социјалните додатоци и субвенциите.

Планирано е буџетскиот дефицит да остане на планираните 2,5 отсто од БДП, а се очекува надолна корекција на растот на БДП, кој беше проектиран на 4,5 отсто.

Претходно државниот Буџет беше проектиран на  2,75 милијарди евра.

OhridNews
Извро:Макфакс