Ребрендиран и со нова сопственичка структура, хотел „Фламенго“, поранешен “Дончо“, најавува збогатување на туристичката понуда на Охрид. Реотворањето на хотелот беше одбележано со гала коктел синоќа, на кој присуствуваа голем број гости и луѓе од туристичкиот еснаф.

-Хотелот „Фламенго“ ќе има малку поинаков пристап во работењето, квалитетен сервис и услуга на ниво на 4-те ѕвезди кои ги поседува“-истакна Владо Секуловски, генерален менаџер на хотелот. Тој посочи дека покрај сместувачки, хотелот ќе нуди и квалитетни ресторански услуги.

Секуловски со оптимизам гледа на претстојната туристичка сезона, за која веќе постои интерес во соседните земји, но се очекуваат гости од целиот свет.

Имаме доста резервации и аранжамани кои треба да се остварат. Од потврдените резервации очекуваме успешна сезона. Секојдневно има нови резервации, а гости очекуваме од целиот свет.-рече Секуловски.

Од „Фламенго“ им посакаа добредојде и на охриѓани, кои како што истакна менаџментот на хотелот, ќе бидат добредојдени и ќе имаат можност да уживаат во услугите на новиот туристички бренд во градот.

OhridNews