Речиси 13.000 мигранти се блокирани на границата меѓу Грција и Македонија од грчката страна, изјави грчки функционер, пренесува „Макфакс“.
„Овде има 13.000 луѓе и речиси 20.000 во оваа префектура, што е повеќе од 60 отсто од вкупниот број мигранти во земјата“, изјави гувернерот на северната грчка префектура, Апостолос Цицикостас за телевизијата Скај, при надгледувањето на распределбата на храната на Идомени.
„Не можеме повеќе самите да го носиме овој товар“, изјави Цицикостас повикувајќи ја владата во Атина да прогласи вонредна состојба. Грчките власти тврдат дека во земјата се блокирани повеќе од 30.000 луѓе кои пристигнуваат од соседна Турција.
Бројот на баратели на азил, во прв ред Сиријци, Ирачани и Авганистанци, кои се блокирани во Грција, расте бидејќи Македонија ја затвори својата граница и пропушта по стотина дневно кои ќе бидат уредно регистрирани, стравувајќи дека тие би можеле да остана на македонска територија поради рестриктивните мерки што на своите граници ги воведоа другите земји од ткн балканска мигрантска рута сé до Австрија.
OhridNews
извор:„Макфакс“