Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи со Ковид-19, што е 22,75 %, односно речиси секој четврти тестиран е позитивен на коронавирусот. Најмногу случаи има во Скопје-96,  а следат: Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1.

Во болнички услови починати се пет пациенти од кои еден од Тетово (67 г.), еден од Струмица (87 г.), еден од Крива Паланка (68 г.) и двајца од Кочани (70 г. и 73 г.).

Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-2, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-2, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Радовиш-1, Крушево -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-1, Ресен-2, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21 113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 8571, активни 1792

• Куманово 1885, активни 176

• Дебар 294, активни 36

• Штип 1368, активни 123

• Прилеп 814, активни 170

• Тетово 1604, активни 222

• Струга 720, активни 61

• Велес 381, активни 59

• Битола 389, активни 104

• Охрид 463, активни 47

• Кавадарци 279, активни 59

• Гостивар 984, активни 80

• Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 437, активни 267

• Крива Паланка 154, активни 49

• Радовиш 141, активни 58

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 504, активни 218

• Пробиштип 129, активни 21

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 96, активни 3

• Пехчево 48, активни 5

• Берово 153, активни 56

• Валандово 65, активни 43

• Виница 136, активни 46

• Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 27, активни 3

• Свети Николе 401, активни 59

• Кичево 357, активни 34

• Ресен 170, активни 9

• Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

OhridNews