Ситници се дотеруваат на “Филип Втори“ арената во Скопје, пред мечот Македонија – Р. Ирска кој ќе се игра на 4 јуни. Вчера беа одиграни првите официјални натпревари на “арената“, Работнички во првиот натпревар го победи Тетекс со 2-1, додека Вардар ремизираше 1-1 со Брегалница.

Мајсторите на својот занает кои ја дотеруваат “арената“ за време на паузата одмараа со “мајсториите“ на теренот кои за жал ги немаше во голем број. Откако увидоа каква е состојбата на тревникот, се вратија на работа.

Ohridnews