Новиот менаџер на клупата од Квинс Парк Ренџерс, Хари Реднап со ремито без голови 0-0 на гостувањето кај Сандерленд ја прекина црната серија од четири порази во низа.


Астон Вила со погодокот на Бентеке во 80-та минута го совлада Ридинг и освои вредни три бода во трката за опстанок.

14-та рунда од Премиер лигата ќе се комплетира в среда со натпреварите : Челси – Фулам, Манчестер Јунајтед – Вест Хем, Евертон – Арсенал, Стоук – Њукасл, Свонси – ВБА, Тотенхем – Ливерпул, Виган – Мен Сити.

Мх.П.