Нерешениот исход на дербито во Премиер Лигата помеѓу петто пласираниот Тотенхем и лидерот на табелата Манчестер Јунајтед разбуди неколку прашања околу формата и компактноста на четата на Сер Алекс Фергусон. Најгласен во тие критики беше менаџерот на “петлите“ Хари Реднап.


– Не верувам дека Јунајтед сезоната ќе ја заврши без пораз. Има неколку екипи кои можат да му го нанесат првиот пораз на “црвените ѓаволи“. Не се компактни, убојити а нивната силина е сведена не неколку фудбалери. Манчестер Јунајтед не е тоа што беше кога во стројот ги имаше португалецот Роналдо и Карлос Тевез – вели Хари Реднап.


– На натпреварот со Манчестер покажавме дека не заостануваме зад “големата четворка“. Не триумфиравме над Јунајтед, ремизиравме со Сити и Челси а ги совладавме Арсенал и Ливерпул навистана добри резултати – заврши Хари Реднап.

Видео : Се во знакот на “нулите“ во Премиер Лигата

Мх.П.