Екипи на ЈП Охридски Комуналец денес со активности во дворот на ОУ „Григор Прличев“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, каде во рамки на редовнте активности за одржување на јавното зеленило беше спроведено кроење на крошните на дрвјата.
Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација. Претходно вакви активности беа спроведени и во градскиот парк и во дворот на гимназијата Св.Климент Охридски.
OhridNews













