Храната која се продава во охридските ресторани, месарници, сендвичари е безбедна за консумирање. Тоа го покажале редовните контроли кои се вршат од страна на иснпекциските служби при Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму потенцираат дека засега, и покрај високите температури, не се забележани поголеми отстапувања.

Се проверуваат и производите од месо и млеко кои се продаваат на градскиот пазар. Поради летните горештини, продажба на јајца на тезгите се врши до 12 часот.

Безбедна е и храната која се продава во сендвичарите и рестораните.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство потенцираат дека согласно законот за безбедност на храна, одговорноста е на оној кој ја продава храната. 

OhridNews