Борбата со дивите продавачи продолжува велат од ЈП Градски пазар потенцирајќи дека нелегалните продавачи повторно ги узурпираат тротоарите, пешачките патеки, паркинзи.

Директорот на Градски Пазар во координација со Општинскиот инспекторат редовно ќе спроведува акции за отстранување на дивите продавачи, нагласувајќи дека не е фер некој да плаќа наем за тезга на пазар, а друг да остварува чист профит продавајќи каде што сака, велат од претпријатието.

Потенцираат дека со оглед на тоа што во Затворениот зелен пазар има 120 тезги, сите продавачи треба да ја обавуваат својата дејност согласно со Законот.

OhridNews