Славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам не ги пропушта мечевите на Вимблдон. Тој во четвртокот го следеше полуфиналниот меч во двојки  Мареј – Пирс (Британија – Австралија) и Ерлих – Пецшнер (Израел – Германија) на кој му се случи нешто необично.

При сервис топчето заврши во гледалиштето, а Бекам со одличен рефлекс го прифати и го врати на теренот што предизвика бура од воодушевување во публиката, но и меѓу тенисерите.

OhridNews