Рефлекторите и заштитната жица со која треба да се огради игралиштето кај Сараиште се веќе набавени, а локалната самоуправа очекува разбирање од НУ Завод и музеј за да се реалзира замислениот проект, ова го најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, одговорајќи на прашањата на охридските гимназијалци на првиот школски ден во новата учебна година.
Според средношколците и оние кои го користат игралиштето кај Сараиште, проектот би овозможил непречено играње на спортски игри.
„Во текот на целата година доаѓаме тука и играме кошарка. Локацијата е уникатна, бидејќи се наоѓа на самиот раб од езерото. Но од друга страна, проблем ни претставува тоа што игралиштето не е оградено со жица, па честопати топката ни паѓа во вода. Исто така, поради слабото осветлување временски сме ограничени кога да играме.“ – велат младите.
Досега на неколку наврати, младите охриѓани кои го користат игралиштето кај Сараиште, бараа од надлежните поставување рефлектори и заштитна жица на овој потег.
OhridNews