Летниот преоден рок во светскиот фудбал (ќе) изобилува со трансфери, но и со шпекулации кои привлекуваат големо внимание. Голем дел од шпекулациите не се остваруваат, но мора да бидат забележани и пренесени од светските медиуми.

Арсенал се засилува од Челси, Вилијан на „Емирати“?!

Бразилскиот фудбалер Вилијан сигурно заминува од Челси, но се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата. Англиските медиуми пишуваат дека интерес за Вилијан покажал Арсенал, кој остварил првични контакти со агентот на фудбалерот. Нема да биде прв пат Арсенал да се засили од Челси бидејќи не така одамна од Стемфорд Бриџ на Емирати се преселија Давид Луиз и Петер Чех.

Лацио во офанзива по Давид Силва

Екипата на Лацио го посакува шпанскиот интернационалец Давид Силва во своите редови. Давид Силва моментално е слободен фудбалер откако ја заврши соработката со Манчестер Сити, каде се стекна со статус на легенда. Фудбалерот за врска со своите квалитети и искуство ќе биде голема помош за Лацио, кој следната сезона ќе цели на титулата во Серија А и што подобар перформанс во Лигата на Шампиони.

OhridNews