Прв Регионален саем на социјалните претпријатија во Југозападниот плански регион ќе се одржи утре во Охрид.

Учесниците на саемот ќе имаат можност да погледнат презентации на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на петнаесеттина социјални претпријатија од Југозападниот плански регион и невладините организации кои се занимаваат со некоја економска активност.

На саемот ќе бидат презентирани и огромните можности за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување финансиска, менторска и друга поддршка од различни засегнати страни.

Саемот ќе се одржи во Центарот за култура “Григор Прличев” со почеток во 11 часот, а истиот е во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија во рамките на Фондацијата за поддршка на претпријатија во Охрид и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Проектот е поддржан од Европската Унија, а го спроведува Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

OhridNews