Од утре во Охрид се одржува тридневен регионален собир за развој на авантуристички туризам во државите од Западен Балкан. На конференцијата ќе присуствуваат туроператори кои работат со авантуристички туризам и давателите на патнички услуги од регионот на Западен Балкан.

Настанот претставува единствена можност за учесниците да разменат искуства, идеи, производи и експертиза во однос на авантуристичкиот туризам. Собирот е дел од тековната соработка на проектот за поддршка на економската диверзификација во руралните средини (СЕДРА II) на GIZ и регионалниот проект на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата, информираат организаторите.

Предвидени се обраќања на високи претставници. Воведните говори ќе ги одржат вршителот на должноста Амбасадор на САД, неговата екселенција Ерик Мајер, Флориан Трегер-Стајнтјес, раководител на Секторот за култура и медиуми во Амбасадата на Германија, Мартин Хибш, Програмски менаџер на GIZ и Јасминка Варналиева, раководител на проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE).

OhridNews