Во Охрид денеска започнува Регионалната конференција „Охрид 2026“ посветена на унапредување на дијалогот за економските и фискалните предизвици што ја обликуваат иднината на Западен Балкан.

Организирана од Балканскиот економски форум (BEF), под покровителство на Министерството за финансии на Република Северна Македонија и поддржана од Japan Tobacco International (JTI), конференцијата има за цел да придонесе за поотпорни фискални политики, одржлив економски развој и поблиска регионална интеграција во сè посложена глобална средина.
Во рамки на истата се планирани две панел дискусии „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“ и „Даночни приходи, даночен јаз и борба против неформалната економија: посилни јавни финансии и подобра усогласеност со ЕУ“.
Конференцијата ќе трае до 11 септември.
OhridNews










