Во хотел Гранит во тек е Регионална конференција за осигурителни супервизори во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување. Целта на оваа конференција е да се разгледаат важните прашања околу хармонизацијата на регулативата и праксата од ЕУ во домашниот правен систем, како и да се овозможи размена на искуство меѓу регулаторите. Организацијата на конференцијата е поддржана од регионалниот проект на УСАИД – Партнери за финансиска стабилност (ПФС).

Конференцијата е насловена: „Предизвици во хармонизирањето на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија“, а учесниците расправаат и околу  „Предизвиците на Солвентност ИИ“,  „Супервизија базирана на ризици“, како и други релевантни прашања од областа на супервизијата.

На конференцијата присуствуваат претставници од  регулаторните тела на земјите од Југоисточна Европа кои се во различни фази на патот во пристапувањето кон ЕУ, како и претставници на регулаторните тела на земјите на ЕУ, Интернатионал Ассоциатион оф Инсуранце Супервисорс (ИАИС), Еуропеан Инсуранце анд Оццупатионал Пенсионс Аутхоритѕ (ЕИОПА) и стручни кадри од познати универзитети.

OhridNews