Регионална работилница за јакнење на капацитетите за јавно-здравствено застапување во Струга
23.09.26 10:59
Во Струга се одржува регионалната работилница „Public Health Advocacy for RHDCs: From Technical Expertise to Policy Influence“, посветена на јакнење на капацитетите за јавно-здравствено застапување и претворање на стручните знаења и докази во влијание врз здравствените политики.
На отворањето, директорката на Институтот за јавно здравје, науч. сор. д-р Марија Андоновска, ги поздрави учесниците од земјите членки на South-eastern Europe Health Network (SEEHN) и ја истакна важноста на регионалната соработка и размената на искуства за унапредување на јавното здравје.
На работилницата учествува и д-р Драган Кочински, директор на Regional Health Development Centre (RHDC) for Public Health Services – North Macedonia, кој ја претставува македонската RHDC во регионалната размена и соработката во областа на јавното здравје.
Во текот на тридневната работилница, учесниците работат на развивање стратегии за застапување, анализа на политичкото опкружување и засегнатите страни, креирање пораки прилагодени на различни целни групи, како и планирање конкретни активности и следење на резултатите.
Приведен е 44-годишен охриѓанец по сообраќајна незгода на улицата „15 Корпус“ Медицинските извори предупредуваат дека при ваква концентрација се сериозно нарушени расудувањето, координацијата и буд...
Денеска, 15 ноември, се одбележува Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи посветен на загинатите и повредените на патиштата, како и на нивните семејства, чии животи трајно се м...
Обврската важи до 15 март 2027 година, независно од времето Дозволени се и летни гуми, но само со пропишана длабочина на шарите и соодветни синџири, додека за возилата со погон 4×4 важат посебни пр...