Во насока на претставување на Земјата-партнер Република Македонија на Меѓународниот саем „Вироекспо 2011“ кој деновиве се одржува во Хрватска, одржана е свеченост на потпишување на Спогодбата за меѓусебна соработка меѓу хрватската стопанска комора, Жупаниската комора Вировитица и Регионалната стопанска комора од Охрид. 


Спогодбата е потпишана со цел поттикнување на меѓусебната економска соработка, како и поттикнување на заедничките промотивни и останати активности на стопанските, економски комори, примарно преку организација на саеми, изложби и деловни посети.

OhridNews