Охрид е домаќин на петтиот годишен состанок на Регионалниот Совет за соработка (РСС), што се одржува во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Со состанокот со кој претседаваа Министерот за надворешни работи на Република Македонија и Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, се разговараше за стратегијата за соработка во регионот  до 2020 година,
при што беше истакнато дека стабилноста, безбедноста, економскиот
развој и соработката се главни критериуми за интеграција на земјите од
Западен Балкан во ЕУ. Учесниците дискутираат и за намалувањето на ризиците од катастрофи и климатски промени.

На регионалниот состанок во Охрид за прв пат беа
вклучени претставници на Косово, што според учесниците претставува
придвижување во регионалната соработка.

Состанокот утре ќе финишира со
усвојување на Охридска декларација, по што Македонија ќе го предаде
претседателството со Процесот за соработка во Југоисточна Европа на Романија.

OhridNews