Брзо и едноставно, со телефонско јавување на 0800 33 000, можат да се ажурираат регистрационите податоци во УЈП .
Заради висок степен на безбедност и заштита на податоците, услугата може да се користи само со ПИНКОД издаден од УЈП. Доколку станува збор за физичко лице треба да се изврши промена на адресните податоци. За правно лице или вршител на дејност, може да се изврши промена на адреса на вистинско седиште за контакт; контакт телефон (фиксен и мобилен); име и презиме, адреса и контакт телефон на овластен книговодител / книговодствено биро; сметка кај носителот на платен промет за даночни цели.
OhridNews