Во Германија е регистриран првиот случај на коронавирус, епидемија што избувна во Кина кон крајот на 2019 година. Со вирусот се заразил жител на Штарнберг, место кое е триесет километри оддалечено од Минхен. Заболеното лице е во добра состојба и под лекарски надзор.

Според најновите податоци, регистрирани се 106 смртни случаи од коронавирус, а во меѓувреме се забележани 1.770 нови заразени, со што вкупната бројка се искачи на 4.515.

Покрај во Кина од каде започна заразата, случаи на коронавирус се забележани и во 16 други земји.

OhridNews