Во Македонија денеска се потврдени уште два позитивни случаја на западнонилска треска.

Од Секторот за превентивна здравствена заштита информираа дека се работи за пациентка на возраст од 84 години, сместена на Клиниката за инфективни болести и за дете на возраст од околу две години, сместено на Клиниката за детски болести. И двата пациента не патувале надвор од Македонија.

Досега во земјава се регистрирани петмина заболени од западнонилска треска, од кои еден почина.

OhridNews