Македонија ги следи светските трендови на производство и продажба на безбедна храна, но тоа во голем дел зависи од самите производители, посочуваат експертите. Според одговорните генерално состојбата со безбедноста на храната во земјата е добра но постојат и слабости на чие отстранување треба сериозно да се работи.

Спордед стручните лица новите технологии овозможуваат безбедно производство на храна, помал ризик од појава на труење и намалени трошоци, но тоа секогаш не е доволна гаранција за квалитет, затоа што во трката по профит поединци ги занемаруваат правилата на сметка на здравјето на луѓето.
– Кога компаниите работат чесно и ги почитуваат правилата нема никаков проблем, но секогаш за жал има поединци кои сакаат да направат повеќе пари изигрувајќи го системот и затоа е потребна контрола. Кога се произведува безбедно и производите се безбедни и тогаш компаниите не треба да се плашат од контрола.- вели Хуб Леливелд, експерт по безбедност на храна.

За најновите технолошки достигнувања во производството на храна деновиве во Охрид разговараа врврни меѓународни и домашни експерти и претставници на најголемите светски прехрамбени компании и компании за производтво на опрема, кои учествуваат на Конгресот на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн, што за прв пат се одржува во Македонија.












