Шпанскиот репрезентативец, Пепе Реина, до крајот на денот треба да стане играч на Наполи. Реина, во екипата на Неапол, треба да настапува како позајмен фудбалер.
Шпанецот, во Наполи повторно ќе соработува со својот сонародник Рафаел
Бенитез.

Ливерпул се реши да го испрати Реина на позајмица, откако на почетокот
на преодниот рок во клубот пристигна Белгиецот Симон Мињоле.

„Макфакс“