По наредба на Јавното обвинителство, во акција на полицијата, спроведена синоќа во Охрид, запленет е пловен објект – глисер, сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец.
Во рамки на истрагта Јавното обвинителство нареди заплена на имотот на осомничените во случајот со рекетирање на бизнисмени. Но иако во јавноста беа пласираат разни шпекулации, засега нема официјални информации за заплена на друг имот на осомничените во случајот во Охрид.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за акцијата во Охрид, рече дека МВР треба радикално да се бори против криминалот и дека секој нелегално стекнат имот треба да биде запленет и конфискуван.
-Во независна Македонија имавме многу малку случаи на конфискација на имот. Тоа праќаше порака до криминалните структури дека криминално стекнатиот имот нема да биде конфискуван, но сега работите се променија и кај МВР и кај обвинителството. – рече министерот Спасовски.
Тој рече дека има бизнисмени кои пријавуваат уцени и рекет и упати апел до граѓаните да се охрабрат и да ги пријавуваат случаите на изнуда и криминал.
OhridNews












